Да, беше врнежлива ноќ кога Авни и Илона се истурија од таксито пред мотелот „Барса“ (мислев дека слабините ѝ се топат во моите дланки, а јас немав чувство дека ми е в раце, тоа беше Ема онаква каква што ја познавав и ја сакав, но во исто време, таа за мене, не знам зошто, првпат сега - беше туѓа и далечна) со Ема излеговме под тремот и ги поведовме по ходникот, им ја отворивме вратата од собата и место да им кажам било каков збор се обидов да го поттупнам Авни по рамото, но не успеав оти тој токму тогаш ја прекри Илона со мантилот и само слушнав како одвнатре ја заклучува вратата (Ема сакаше да ми рече дека се чувствува жива додека е во моите раце, сакаше или сакав да ми рече така, додека се лизгав со широко отворена уста од градите до стомакот по кој играа од сласт или од плач, не знам, едвај забележливи бранови) брзо ја заклучија вратата, јас се обидов да останам уште извесно време тука, но Ема ме повлече за рака (ѝ го ставив јазикот на папокот, нежно вртејќи во топлата длабнатинка исполнета со киселкаст вкус) Авни беше како ветар, се мушнуваше низ најтесните процепи, работеше неуморно, дејствуваше, влегуваше под кожа, во коските, вртеше како со сврдел и дупчеше до крај, а не можеш да го видиш, не можеш да го допреш, како таа ноќ, ноќта пред оваа ноќ, кога ја внесе Илона во „Барса“ за да ѝ ја подотвори вратата кон светот што таа го сакаше, кон светот што ја очекуваше (ми диктираше некој силен порив да ја загризам за стомакот, да ѝ скинам месо од сакање или од омраза, не знам, знам само дека во еден момент Ема офна) знаев дека требаше да заминат кон Табановце но не знам до кога останаа во собата која утрото беше празна и требаше да биде празна оти врската требаше да дојде рано пред зори, за тоа знаеше и газдата на мотелот (затоа јас ги стиснав забите од страст, или од страв, или од омраза, не знам, но знам дека Ема си остана своја и, со својата питомина моја, но во исто време, далечна од претчувството што ме притискаше, се измолкна од под мене, ми се загледа в очи, благо се насмевна и легна на мене, ме покри со топлина што се згуснуваше во капки пот) шефот на мотелот утрото ми рече дека ноќта се слушнал со Крумета Волнаровски и дека врската профункционирала: од прозорецот можел да го види доаѓањето на автомобилот во кој влегле двајцата (станувавме сè поразлични двајцата таа ноќ што беше на истек, беше уште густа темница, можеби најгуста, или така ми се чинеше, но тоа беше кулминација пред обзорувањето во кое Ема, јас верував во тоа, ќе ми биде пак како и секогаш - со детски наивна насмевка што ќе се шета по нејзиното лице на заспана жена по изгрејсонце, задоволна од играта со мажот кој сега никако не можеше да ја сфати нејзината безгрижност - ја глумеше ли?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Разлутен еднаш ја донесол назад кај нејзините во чергата и заповедал да ја истрижат; нејзината коса ја фрлиле во вирот, а потоа и неа, и Шава, ја фрлиле во вирот, намачкана со смола и со катран и запалена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во тие мигови сѐ беше еден простор и едно време во кое јас и Ема, додека во мојот стан чекавме до крај да се исцеди тешката ноќ, да искапи како катран и да се слее во некој процеп без дно, ја живеевме претходната ноќ и ноќта по таа ноќ, оваа ноќ, како една единствена ноќ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ќе донесе Доксим Тренчески катран и ние ќе ги измачкаме вратите, добиците а кога ќе видиме дека катранот не помага, почнуваме да се варосуваме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гледајќи го својот земски бог погледни малку во бедотијата своја ништожен поданик, нималку вреден жеден за внимание, беспомошен слуга Коленичиш пред тој изрод и крвник во твојата внатрешност сѐ е пусто обезличен дух на обичен смртник со мирис на катран и горчливо чуство
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)