Така спремните врапци ги складираа во качиња со сало.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имаше донесено големи качиња со козјо сирење, па им го делеше на луѓето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На прв ден Божиќ пред да отидеа в црква и пред да се омрсеа, секој од домаќинството добиваше по едно врапче.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А во задниот земник веќе се чуваат на прво место ковчезите со рубата, каците со маст, сирење, урда, пиперки, сланина, зелки, кисело млеко, бочвите, брилата со вино, ракија и други резерви од храна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)