Се распара плетивото. Од преѓата што мене ми припадна, како мој дел од наследството, си сплетов волшебен килим во три бои.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Го собирав во килим во парчиња, плачевме сите, дури и некои без душа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мајка му, исто така сериозна и уште повеќе надмена, која како невеста си ја донела секогаш заклучената касела (од која кога ќе ѝ се подигнеше капакот избиваше еден стар и тежок здив на нафталин) и по сите килими во куќата не оставаше да се стапне со чевол, ами со чисти чорапи на измиени нозе.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Бетонски станаа и килимите во неговиот стан.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тој налеа малку кафе. Во заднината, две девојчиња си играа со коцки на килимот во дневната соба, под светлината на зелените светилки.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Килимот во собата ти е географска карта, само еден чекор и веќе си во Мексико.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)