Познато ми е, податоков сум го нашол во една книга: електромагнетните бранови од вселенската бескрајност патуваат кон нас приближно 300 000 километри во секунда.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Авторот не наведува колкава количина железо и олово во исто време и на истиот простор чија површина изнесува 5 километри во должина и 2 километри во ширина ( 5х2= 10 квадратни километри) фрлија минофрлачите, тенковите, артилеријата и пешадијата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И додека родителите спиеја не знаејќи што се случува, и додека куќата спиеше, со сите свои автоматски пекачи и прислужници, и роботските чистачи во своите електронски сништа, јас бев загледан во блескавите зрнца на метеорскиот прав, кометината опашка, и органското тло на далечниот Јупитер, сјајни како и самите светови што ме влечеа на илјадници километри во вселената, со страотно забрзување.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)