Јас сум одел дури во соседното село, десетина километри далеку, да разменувам книги со некои другари.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Одненадеж, беше со километри далеку.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Мора да го следела до тука, зашто не беше веројатно дека сосем случајно шетала истата вечер по истите мрачни попречни сокаци, на километри далеку од кој било кварт во кој живеат членови на Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Глупости. Овој планетен систем се наоѓа со милијарди километри далеку од Земјата; неможно е дека кога било досега сме биле тука.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)