Кога таа вечер си одеше накај дома по градските улици кои бликаа со живост, како на само десет километри оттука да беше Лас Вегас, а не фронтот, очите му беа насолзени – што од студеното ветре што доаѓаше некаде откај планините, што од чувството дека сите што ги знаел и во кои верувал некаде заминале, та останал само тој, сосема сам на некое непознато место, опкружен со туѓинци со кои никако не може да се разбере.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пригушен фијук додека се врти, на километар оттука, се враќа кон нас, кон „Нова Ружа”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)