си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пак како пред тоа беа глави на колови, загледани една во друга и сакаа да поговорат за таа земја, сеедно, за таа или за некоја друга.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се заниша малку се сврте ваму - таму, разгледа наоколу и кога го виде расплаканото девојче го расчепи клунот и гракна: - Гра-а!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Гледа нагоре: наеженото птичиште го чепи клунот и гракнува: - Засрами се, момченце!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Цел живот ја протињам раката низ газ од кокошка, ја фаќам за клунот и ѝ го извлекувам клунот низ газ. Се валкаат рацете тука.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ничкосаниот чун пред куќата му служеше како маса: на него јадеше, на него пиеше, на него риби чистеше, грав требеше, зелки сечеше; отпадоците им ги фрлаше на гуските во езерото, кои, кога ќе го видеа, се собираа од сето село; тој им ги фрлаше отпадоците в клун и им велеше: „Лапни ми, да си ми здрава - дур' не ми паднеш в тава“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Илузијата што ја скриви птицата веќе не постои Исчезна и опашот и жолтиот клун и монистата на песната На гранките ѕвездени гроздови Зборовите паѓаат врз белината Сѐ е стокмено како во градите на будилник Безброј лостови ја држат напнатоста Прстите шетаат по ‘рбетот на времето Но гласот на сестра ми го слушам додека се обидува да го смести својот насмев на лицето на една исплашена кукла.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тогаш се случи. Зад некакви изглодани карпи со дамки се појавија двајца на чии лица претчувствував клунови и птичји очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)