Шушка коприната
на незаборавот
глода свеста
гризе совеста
јаде жолчката
копнее желбата
се топи, се впива
во лебецот на јазикот
а јазикот е совршен акробат
во несовршениот циркус
на историјата
чијашто кожа е дребна
бродерија
скапоцен марифет
народот е и врач, и враг
Боже благи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се убеди дека свлекувањето на кожата е поризично ако е под земја, во најдлабокиот подрум, отколку ако тоа го направиш во театарот, пред очите на слепата публика.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)