Кога повторно се собравме
наместо да тргнеме
откривме дефект во колата
требаше време за да се отстрани
сестра ми рече гладни сте вечерајте
не се оди на пат гладен
не доаѓа предвид реков
очај ме обзема од постојано јадење
кога треба да патуваме преживаме
кога треба да патуваме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ај мајката, си реков, решен да ги надитрам и прв влегов во автобусот што по колата требаше да ги вози луѓето што го придружуваа мојот закоп.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)