Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Пред влезот стоеше едно такси, постара кола во зелено-бела боја, а најинтересното беше што на возачкото седиште седеше жена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Научиле еден многу важен збор и решиле веднаш да состават хор.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Надлетувајќи ја колата во која лежев неподвижен, гавранот и сега го повтори својот рефрен „опа-копа“.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Меѓу нив не можеше да се влече колата во која лежев понеподвижен и од кифла.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Со колава не ќе можеме да минеме низ овој густак.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога ја втераа колата во дворот тој немаше друго објаснување освен она, дека сето ова што сега го прави го сонувал повеќе години, дури имал намера тој да засади бостан за да може еден ден и во својот двор да втера полна кола лубеници.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
– Италијанското знаме го сошив самата, според урнекот на знаменцето, неколку дена откако крај нашата куќа мина колата во која беше кралицата Џералдина, со принцот Лека.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Стотини коли, коли во редици од километри и километри пролетуваа покрај него.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)