кола (имн.) - и (сврз.)

Ако ви се случи во подоцнежните ноќни часови да минете, се разбира, со кола, по убавата магистрала на Босфорската ривиера, тогаш гостољубивите ресторатери и хотелиери ве тргаат од колата и ве вовлекуваат во локалите или пак она што ќе го побарате ви го носат во колата, па и топлиот салеп, посипан со иситнент дарчин, кој овде насекаде се точи и пие.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На југ од Бургас и во Бургас врие од луѓе и коли и сообраќајот по патот кон Созопол, Китен и Мичурин е згустен и на моменти неподвижен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„На стариот мој еден другар му кажуваше, а јас стоев до колата и слушав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И Боге од Бањи се враќаше кон колата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Коларот сепак успеа да скокне од колата и веднаш потрча кон главата на коњот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кому му се нозете лесни и снагата јака нека биволите веднаш ги впрегне во коли и тргне во Стан.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Филмот завршува со слика од неколку патнички коли и автобуси полни со туристи кои го поминуваат мостот кај Кулата и восхитени од убавината на ова божјо катче, се враќаат на југ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со леснотија здивнавме кога видовме дека стигнаа првите санитетски коли и застанаа пред салата за приредби, сега преадаптирана во сала за сегрегација. Сите живнаа, го снема немирот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лево – голема, прекрасна бензинска пумпа со плац на кој можат да се паркираат неколку десетици коли и камиони, ресторан, кафеана, продавница со секакви делови за автомобили и самопослуга со прехранбени артикли.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ние не отстапувавме и сѐ повеќе се собираше народ, запрежни коли, говеда, кози, овци, запрежни коли и товарени магариња... – Назад! – викаа – Назад! Наредба е да бегате кон Пероо!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Слегувам од колата и со поздравот мир дита застанам пред раседнатите мажи. На масите шишиња од кока-кола, некои сокови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега не сме сиромаси, вели и со рака покажува на дворот каде низ прозорчето се гледаат два трактори, комбајн, патничка кола и два камиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од спротивната страна нѐ пресретнуваат патнички коли и автобуси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Заишкаа по ластовицата, ги навртеа пиштолите, калашниковите борни коли и скорпии и пукаа со злост и злоба по птичето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се удрил со тупаница по крвавата празнина во устата за да не зареве со грло на млад волк кој не ја проколнува сегашнината туку со сиот бес на својот вид ѝ се заканува на иднината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Темни и молчаливи, не само со секири или вили туку некои и со пушки скриени под колите и некои со кубури и јатагани во длабоките појаси, тие дваесет и осуммина продолжиле по покопот да ги влечат чкртавите двоколки по никакви патишта, оние по кои можеле да минат незабележени, и по беспаќа на кои сенките се кинеле со тајна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Излегуваше последен од колата и пред него сите се потргнаа, правејќи му место и смешкајќи се кон него, а селаните, гледајќи го тој почит, се веднуваа и се оддалечуваа мрморејќи по нешто под мустаќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колата и коњите најнапред, а ние, сватовите, пред фрижидерот, со рака на половината - жените потклекнати, а мажите час во воздух, час на коленици, во „листер“ костуми.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Си влегов во колата и, со будното мало женско друштво, заминав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Муабетот ми беше дека додека јас, избеганата од болница, стоев и менував улоги од драмата „Една жена седум лица“, поминаа десеттина добри коли и два џипа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Околу колата и околу нив дотрчале многу бугарски војници и офицери, но и тие, кога ја виделе бомбата и кога дознале дека не е експлодирана, пцуејќи ги Ѓорета и мајка му и нарекувајќи ги Мрсници се разбегале на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа викнала по Тодија да ја дотера колата и сите заедно, лека полека помагајќи си со штрангите што си ги понесоа од дома, ја натовариле бомбата на кола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Останал само еден офицер, некој мајор, а тој ја прашал Трајана: Кај ја носите бомбата, госпожа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А таму, на ан кај Стомнаровци, откако ги отспретнаа колите и откако ги врзаа коњите во пондилата, во меаната на штрек чекаа да дојде Аџи Пано, стрико Максимов: по него, за да го извика, Максим го испрати калфата Стомнарски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа секако, некаков бавен полуслеп коњ влече чкртава кола и го тресе стариот колар и самиот бавен и полуслеп, со многу иње на обрастеното лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јачеше. Крцкањето на сувиот ’рбет на колата и ударите на излижаните поткови останаа да се вртат в круг уште само во неговата свест.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нѐ качија на воловски коли и нѐ носат кон Битола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, врвеле коли и ја испресекле лепешката и ние од една лепешка сме станале многу лепешки, многу гомна... Сите ги видов овдека и сите исто смрдиме. 71
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кај сме, браќа, кај одиме, ќе праша некое војниче од колите и пак ќе се онесвести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама поминала некоја кола и со колцата ја пресекла лепешката надве, па поминала друга кола и пак ја пресекла лепшката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По една невесела седенка зад која остануваат расфрлени карти, купови отпушоци и студенило на луѓето еден кон друг, се враќав низ заспаниот град без движење на коли и без минувачи и му се простивставував со чело на остриот дожд, на тој предвозник на утрени мразови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се придржував за колата и така чекорев несигурно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Продолживме по патот, а по неколку часа почна толку да ми станува лошо и глава да ме боли, што не можев да одам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со години не можеше да мине ниту еден час, а да не запре некоја кола и некој да не извика: „Еј, може ли да те сликаме?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Натера е добар збор. Постепено нешто те натерува да напишеш роман.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Амбулантната кола и полицијата пристигнаа. Ме одведоа во станицата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тппрру, стој Сивчо ... – ја запра старецот колата и ги повика со рака: – Качувајте се бргу!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Васко со неверица влезе во колата и со едната нога надвор, го стартува моторот втренчено гледајќи од зад кренатата хауба на моторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја успори брзината на колата и застана на банкината на автопатот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Најдете кола и да ме однесете кај него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Да ме земете в кола и да го втасаме возачот. Шофјорот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)