Што не стори да ги натера своите спокојни соиграчи првин да играат со поголем влог, а не со симболичен, безвреден, резервиран за нас децата што не престанувавме да ги служиме со чај, кафе, и колачи кои некогаш ги месеше Мајка кога се играше кај нас покерот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А децата, велеа, аскерот ќе ги собери и ќе ги прати по острови, како на сургун и таму ќе ги учат мајките и татковците и браќата да си ги кодошат и дека од нив ќе направат најлоши зулумџии и кољачи кои од крв мајчина ќе се ситат и сестрите ќе си ги поганат, велеа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)