Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Му доцнам на големото, нервозно е, а јас мотам низ главата, како изгледа невработена со мобилен, па глумам глува и го муабетам пријателов, оти ми спомнува казна за на лице место, па како тој е всушност разбран, па како, не дај Боже, колегата од колата да излезе, двојно ќе ме кошта.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Извини“, неочекувано му рече Марко кој успеа да го заврши или прекине разговорот со колегата од другата страна.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мојата сестра Ева веќе беше мажена и имаше свое семејство. Се омажи за еден колега од работа.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)