Пред да рипне низ прозорецот во невеселата трева, се сети: „Речете му на вашиот млад колега дека брзо ќе му го вратам долгот. Со камата. Збогум.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Професорот Седларски понатаму објасни дека ќе се обидел да пренесе одредени поединости забележани во записите на спомнатиот монах иако го споделува ценетото мислење на некои свои колеги дека дури и со поместувањето на обичниот мртов предмет од едно во друго време или од еден во друг простор може да дојде и до промена во толкувањето на веќе презентираните вредности не само за спомнатиот предмет туку и за времето на неговото настанување, за изгледот па и за настанатите промени во неговите особини.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Доктор Ауербах ги негирал претпоставките на своите колеги дека тагата на Рајнер делумно потекнува од тоа што неговите родители го добиле во поодмината возраст, и повеќе изгледаа како да му се баба и дедо отколку татко и мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)