командант (имн.) - ги (зам.)

Командантот ги стави окалките на очи: – Чуј!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не можејќи да откријат кој ги организира луѓето да не даваат продукти за војската, да не ги извршуваат нејзините заповеди, командантите ги претепуваа или ги истепуваа повидните мажи, ги палеа куќите и копите, ги грабеа добитокот и живината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се наиграа добро, командантот ги викна Трајчета и Евта настрана во буките и рече: - Трајче, има да свршиш една многу важна работа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)