командант (имн.) - дека (сврз.)

Нели, уште тогаш те подучував: другар командант дека безусловното почитувањето на правилата е само за слабаците!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние да појдеме, а ти веднаш јави му на својот командант дека падна Гинова. И веднаш до Главниот штаб. Адио!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Мислиш? Е, а јас не мислам така, другар Ѓурчин“, ти ќе ми одговореше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ти не мислеше како јас, другар командант, ама многу случувања потврдуваат дека си грешел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)