— Mope, ами што ќе биде воа, бре луѓе? — праша попот кога најде компири во ваганката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ех, бе, Кико, ич не ме прашувај и мене како се бега од историјата и како се прави помфри од норвешка сорта компири во рестораните на „Мек Доналдс“ среде Москва додека изгладнетата филхармонија на врапците се подготвува да ти го отсвири Вториот концерт на Рахмањинов.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Стариот дедо Иван ги насади компирите во почетокот на март, начесто, како што го научи Пискулиев.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Знам веќе, семејство, но сега наместо да си на мојата страна а против нив, ти се приклонуваш не оставајќи ми време за било што, дури ни да се помирам со судбината и да се привикнам, се појавуваш вака, водата капе низ тебе, сивата вода на невремето и студенилото, обесхрабрувачко порекнување на нешто што толку го чекав додека постепено се ослободував од твоите браќа и сестри обидувајќи се да ги сочувам силата и ведрината, да имам џебови полни со пари, да смислувам каде ќе одиме, пржени компирчиња во оној ресторан под дрвата каде што е толку фино да се руча покрај птиците и девојките и стариот Клемент што го препорачува сирењето проволоне и понекогаш свири армоника и пее.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во тоа време за компири во нашите краишта не се знаеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Нејзините силни раце ја претвориле некогашната нива за компири во ова волшебно заградено земјиште, со цветни и зеленчукови градини, со дрвја преполни со цреши, круши, јаболка, кајсии и праски, лозници, кои не само што правеа сенка во лето, туку и ја полнеа трпезата со деликатесното овошје и бочвите во визбата ги полнеа со својот ферментиран сок.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
АНЃЕЛЕ: За месо со компири во мевов ми е изникнато.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Чист, благ, костен не му е рамен - рече дедо Иван и запрета четири-пет компири во вжештената пепел.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Како да држи врел компир в уста!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А му го чу ли гласот?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Им дадоа да цртаат некаква мртва природа, составена од загризено јаболко, компир во глуждови и крушковидна тиква, па една човечка глава од бела глина и уште нешто по слободен избор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тетин ми ги вклучи попладневните вести на телевизија.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сигурен бев дека тетка ми два дена готвела - имаше три вида различно месо - телешко, свинско и јагнешко и два вида компири во рерна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сани точно знае на што ќе мисли кога тоа ќе се случи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кој може да објасни како или зошто тој снежен леопард дошол од Азија да престојува во таа неупотреблива пештера во едно маргинално земјоделско градче меѓу полиња на јачмен и компир во јужен Ајдахо. што го оформило таквото патување, какви лоши проценки, кои промени на ветер или струи, какво промашување на кое божество?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Секогаш има хектари сонце и нивно бледеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)