Инаку, кога ќе загризе нешто во мевот, и јас тоа го правам. Ѝ завидувам на сестра ми: за неа секогаш има по некое компирче или јајце.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ѝ завидувам на сестра ми: за неа секогаш има по некое компирче или јајце.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Таа погледна наоколу и кога го виде командирот на одредот, замавна со рака и со глас на наредба, подвикна: - Командире, нареди некој да донеси нешто од компирите или од костените...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ѝ беше пријатно да го гледа, да го слуша како и раскажува „закон божи", историја, природознание и друго; како одговара пред учителот без запирка и како лапа кај нив варена тиква, компири или кора.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ех, да имавме сега некој компир или...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Откако Зигмунд ќе заминеше во училиште, моите сестри излегуваа во дворот зад зградата, а јас останував близу до мама, ја гледав како работи, гледав во нејзините раце и нејзиното лице додека переше, додека го рибаше подот, додека крпеше, везеше, готвеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас седнував покрај неа, таа ќе ми дадеше варен компир или парче леб со путер и, додека работеше, додека џвакав, чекав брат ми да дојде во кујната – знаев дека веќе е буден и ги повторува лекциите што ги имаше учено претходниот ден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)