При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дом на орли и којоти, татковина на змии и зајаци, населена со ветерници и далеководи што како индијански племиња демнат на хоризонтот, пресечена со пруги по коишто пловат долги композиции на коишто не им се наѕираат ниту почетокот ниту крајот...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сите вчудоневидено ја набљудуваат фасцинантно вознемирувачката композиција на делото.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Со тргнувањето на Нова Година Втор од земјата Дардаванија кон далечниот југ, се упати и најголемата композиција на дароносни санки.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
За ваквото гледање на двата случаи веројатно придонесуваше и чудната композиција на возот што татнеше низ мојата глава, а во таа композиција вагонот што го претставуваше случајот на Загорка Пеперутката го гледав сместен до оној во кој се наоѓаше исчезнувањето на братучедот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)