Џинот се смее Никогаш не дружел со толку откачен затвореник Ние сме играчки на релативноста, вели тој со епилептични гестови Инструменти за реализација на сложени композиции Од кои прска умот а облаците воздивнуваат Гледам како растат отровни насади во неговата утроба (На моменти кожата на Џинот станува проѕирна Дури и розовомлечна, како кај Аксолотлот На Кортасар или како статуите на Буда излеани од Кинески проѕирен порцелан).
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дури сега сфатив колку е убава целата таа композиција од зборови и тонови.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во првиот дел на концертот беа изведени пет композиции од првиот, тн. егзорцистички период помеѓу 1980 и 1983; Nova Akro- pola, Krvava gruda - plodna zemlja, Smrt za smrt, Vade retro Satanas и Država.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Лајбах ќе биде исполнуван од Словенската филхармонија, онаа правлива, ригидна институција наменета за конзервирање на традицијата, а конците на проектот ќе ги преземе уметничкиот водач на Словенската филхармонија, еден од најперспективните диригенти од средната генерација, редовниот гостин на миланската Скала, диригентот Марко Летоња, а нивните дела ќе бидат оркестрирани од двајца словенски композитори, Урош Ројко и Алдо Кумар.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)