Отсекогаш покажуваше почит кон земјата која ја претставував, и покрај нејзиното видливо ослабено влијание и изгубени позиции поради внатрешните непремостиви проблеми и немоќта земјата да најде излез.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Титовата Југославија која со запрената еволуција кон демократија, мултипартизам и конфедерација, без цврста опозиција, остануваше без алтернатива како земјите во кои комунизмот беше осуден на пропаст, но во кои ја се најде излезот кон новиот демократски поредок на чело со Хавел во Чешка или Лех Валенса во Полска...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во исто време, без збор или разменет поглед, тргнаа кон вратата за да ја напуштат зградата којашто во комунизмот беше дом на армијата, а сега беше пренамената во Куќа на братствотo на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Јас со него се запознав во Париз кога тој по падот на комунизмот беше именуван како амбасадор на Албанија при УНЕСКО.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Комунизмот можеше да живее среќно со модерниот свет кој целиот беше насочен кон зголемување на производството - повеќе челик, повеќе јаглен, изградба на иригациони системи итн.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Јас покажував дека фаталната бура за комунизмот беше нарачана од страна на постмодернитетот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)