Наскоро на некои служби и канцеларии, дел исто така на наши комшии и познајници, почнаа да се јавуваа натписите: „Забрането за Евреи, Власи и кучиња”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
По малку време беше се собрале сите куќни луѓе и дури некои од комшиите и курдисале муабети да го прашаат Силјана. – "Е, Силјане, како е татко ти Божин со здравјето?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Најчесто употребуваните зборови: свет, спасител, жртва, ближни, како и многу други, се заменувале со заемките: дуња (свет), од арапски dnya, кортолисовач, курбан, комшија и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Почести заемки од оваа терминологија биле и: инсан (народ, луѓе), со потекло од арапски (insan), есалет (псалтир), џенем, џевнем, џехнем (пекол), кабаат, кабает (грев во црковните книги, вина во световните книги), со потекло од арапскиот збор kabahat, куртул (спас).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така му рече комшијата и Толе ќе слуша сега.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
СТЕВО: Во ресторан ми е послатко. (Пауза.) И нема да бидам тука за вечера. (Пауза.) Знам дека е слава, знам дека ќе дојдат сите роднини, комшии и пријатели.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Брзо разгласуваш по комшии и целата зграда е у неизвесност: дали електро–инженерот што бил помошник директор у Пошта ќе успее да стане шеф на втора смена у МекДоналдс?
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)