корен (имн.) - им (зам.)

БОРИС: Не се бањам. Со години не се бањам. Ставам дезодоранс. (Пауза) Нозете смрдат затоа што коренот им е во газот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ги нападиле оние на кои коренот им е овде, нѐ довлекоа нас да ја ораме и да ѝ ги користиме плодовите на земјата, ама ние заборавивме да се грижиме за нивните мртви и убавите мермерни гробови сега се обраснати со тревишта грмушки и капини.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И многу работи се случија, далеку од Потковицата и внатре во неа кои од корен им го изменија животот на луѓето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)