II Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена Елате Да се збереме да се видиме Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Оче Симеоне, ти си реакција? Не сум. Само коренот не ми се впил длабоко во оваа почва.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ти си рамнодушност, твојот корен не цица омраза како нашиот корен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А беше време на окупација. Една власт корен не пушташе, а друга стигнуваше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)