Еднаш кога Мил остана цела ноќ во лабораторијата и не дојде на спиење, Богуле го заобиколи коритото со вода што му го стави мајка му, и низ прозорецот кој беше заборавен да се затвори со рајберот однадвор, започна да се спушта по јаболкницата, но се слизна на влажните гранки и падна.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кога ќе го видеа дома облечен со алиштата од умрените, го соблекуваа уште во дворот, не му даваа да влезе во куќата, му ги фрлаа алиштата в река или ги палеа, а него го ставаа во корито со вода и го капеа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Лонецот со вода се грееше на огништето и мајка ми со тенџерче ми истураше полека од истата, а јас седната во длабокото дрвено корито со миризливиот сапун генерално се триев и миев.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
А утредента, додека тие ги носеа првите копанки нагоре, по скелињата, а еден мајстор најгоре пееше „Поминуваш, Јано мори, заминуваш, ми се смееш, Јано мори, не ми зборвеш“, оној доаѓаше до Башмајсторот, кој стоеше веднаш до нивното корито со малтерот и тие можеа да чујат сѐ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)