корка (имн.) - сув (прид.)

Чудни некои времиња се стаиле овде и наоколу врз Балканов валкан а свет на чело со класични руски кловнови и нови балкански клонови та катаден гледаме процесии работнички студентски селски граѓански и поворки погребни што маченици испраќаат - светци незнајни минатото го закопуваат на иднината не мислат оти ја нема а сегашноста горка ко корка сув леб ја грицкаат и чекор по чекор бараат dénouement, dénouement и мантраат: FUCK THE BEST WE’RE THE REST 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата рамни, у вивналиов ден - да тргнеме и ние страдалници од век!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Одеа молкум, загледани во себе и пред себе, во земјата која како единствено да жалеше зашто тој ден не ги почувствува табаните и живата душа на Сане Сандин, не му ги сети нозете кои како да не беа од крв и месо сочинети, туку од грутки печена црвеница, како од корки сува јеловица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А ако сакаше слугинка која ќе ти работи за корка сув лебец, таква тешко ќе најдеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)