Ме смотка на дното и за корените ме врза. Тоа биле косите од стијата, а стијата стаена на дното.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Седна на скаличките пред вратата што директно води од дворот во дневната соба и си ја фати главата со раце, мислев и косата од очај ќе почне да си ја кубе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тетка Ана се препали. - Саше, Саше, што се случило, каде беше, што ти е, смири се, Саше, престани! – викаше, го молеше, го потресуваше за рамена, го прегрнуваше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ама, сега пред нив ми ти застанал човек со црвено лице и руса кадрава коса како од пламен, коса од која излегува густа, густа пара.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Целата уште оросена со капки вода, во бикини, задишана, забришувајќи си го носот со палецот и со показалецот од десната рака, со косата од влага собрана во туфки, расфрлана преку нејзините рамена, Германија му рече: „Еве сум! Се извинувам...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И папочето ѝ го подврзав со малку коса од мајка ѝ. 59
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бррр, и сега дури ми се ежави косава од нејзиниот вресок. Писна и диво замавта со рацете.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)