коса (имн.) - долг (прид.)

Во „овој филм“ Дуња-Ѓузел имаше коса долга до половината, очи сини како оние на Снеже, и несмевка како на наставничката Трпана, заради којашто таа мене многу ми се допаѓа, а понекогаш си мислам дека кога ќе пораснам, неизоставно ќе морам да се оженам за жена што ќе личи на неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не е познато колку месеци не се помрдна од клупата, но кога стана да си оди имаше коса долга до рамена и попски израсната брада.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)