Во прездивката пред да изрони, вознемиреноста на водениот покривач сосема стивна, како да ја исчекува, и навистина, таа стреловито се врати низ проѕирниот азур,пресекувајќи го привидниот мир меѓу водата и воздухот, и со склопени очи, со мокра коса залепена наназад, ги подигна наросените трепки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Јас се засркнувам додека јадам, затоа што истовремено и дишам, па морам да џвакам со отворена уста и да им ги покажувам на очевидците стутканите парчиња храна што ми се препелкаат низ плунката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Целото лице му беше потонато во крв, очите отечени и затворени, а костенливата коса залепена и здрвена во мали калливо-црвени боцки над челото.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Долга црвена коса залепена на збрчканото чело прошарано со белези од гребаници и чирови, модросиви очи секогаш завртени кон земјата, и модар нос со немирни ноздри.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)