Нивните намачени и искривени коски биле мала историја на една доба и на еден живот и, ако може така да се објасни, челата им се облевале со сонце само во дните на големите празници; тогаш седеле крај трпеза и уживале во празничната ослободеност на коските и на жилите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И така, во тие натчовечки нагризувања на студените одаи, човекот и каменот сраснувале еден во друг: за дел топлина карпите им подарувале на луѓето студенило што ќе го носат во своето месо додека се живи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)