Уште пред да се раздени можеше да се забележи: кошулата му беше нечиста и стуткана, износените чевли ветуваа распаѓање.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Му го мие рамото и со парче од кошулата му го преврзува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Облечен е во волнени бечви што ги понесол од дома и завиткан со волнено шалче околу вратот исто така понесено од дома; само блузата и капата на него војнички; кошулата му е сошиена од падобранско крило; седи на една пењушка во шумата и пред себе држи автомат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ко скината кошула му се отворени градите и, голо, му се покажало срцето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)