кој (имн.) - нема (гл.)

Може ли таа нематеријална супстанција, која нема, како телото, просторно протегање (просторност), да биде некаде просторно лоцирана во некој дел од телото?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од таму произлегуваат повеќе прашања: Дали духот е поинаков вид ентитет од тело­то и доколку е, како да се објасни поврзаноста на нематеријалната супстанција со материјалната?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во својод конечен облик, толку совршената дезинтеграција претставува хипотетичка состојба за која нема јазичен израз.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Немаше прослава, роденден или свадба на која немаше расправии по политичка основа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Оттаму подалекусежно е значењето на сликата на идеалниот град која нема архитектонски ограничувања, која што не е ниту градина, ниту купола, дури ни Гудманов идеограм.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така ги одбегнуваше сите судири со блиските и сите агли во куќата, ширејќи околу себе таква топлина од добрина пред која немаше некој да не омекне.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во овој случај anemica е придавка, која нема никаква врска со анемијата, туку со грчкиот термин “anemus”, кој значи ветер, дух (оттаму, на пример, потекнува зборот анемометар, но, етимолошки го создава зборот анима).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Против ваквото решение допуштена е жалба, која нема суспензивно дејство (чл. 34).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Прво, беше прецизирано дека поставувањето на в.д. директор од страна на Владата, во случај ако се констатира дека здравствената установа во која се штрајкува не обезбедила итна медицинска помош и минимална функција на сите организациони делови во процесот на работата, се однесува на јавните здравствени установи (чл. 288, ЗЗЗ/12) и, второ, беше воведена глоба од 3.000 до 6.000 евра за здравствената установа која нема да обезбеди вршење на здравствена дејност во услови на штрајк (чл. 306, ЗЗЗ/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во мојот живот, речиси секогаш, некое делче од вистината, што најмногу сум ја посакувала, останувала скриена. Ме изморија таквите игри!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Животот за мене одамна престана да биде игра, и притоа најмалку ги сакам криенките - му реков. -Зар грешам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се причини дека ме воведува во некоја игра за која немав слушнато, а од која сепак, на крајот, ќе се појави некое чудно, можеби и непријатно изненадување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакаше да најде работа за која ќе биде редовно платен, стан кој самиот ќе си го купи, кола која нема да ја дели со татка си.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секогаш онаа под прашалникот, де на мрзнење, де на вриење, од која нема враќање, А pointless point - Јас сум само точка која го впива околниот простор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мадам Рада Мојот практичен ум цел ден ме тера да мислам дека можеби е време, и тоа крајно, да вметнам нова шифра на дејност во мојата фирма загубар, која нема да бара многу средства за вложување, а маркетингот ќе го прави самата задоволна клиентела, по принцип „од уста на уста“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не е фер ќерката на еден полковник на гардата да оди на годишниот бал со некоја зелка која нема ни ден гардиски стаж и чкртка текстчиња за публикации кои никој не ги чита.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар еднаш се чукна во девојка облечена во зелен свилен фустан која немаше повеќе од дваесет години и весело играше со еден гардиски потпоручник, веројатно нејзин врсник За малку ќе го собереше еден гардиски капетан кој со својата дебелка госпоѓа смешно се трудеше да постигне елеганција во движење.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Зад прозорецот, на работ од селото, видикот завршуваше со необјаснива посребреност на црногорицата и со некаква замагленост зад која немаше ни минато ни иднина. на црковните кубиња, поточно на крстовите што се креваа над поцрнетите покриви на бе з ред градените куќи, стоеја омрцлавени чавки со претчувство на блиска и долга есен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред мене, кај шолјичката со црн талог и со отпушоци слични на мали надгробни споменици во котлина од која нема излез, лежи хартија на која сум запишал меѓу другото: Темната возбуда, носи неспокој, нѐ фрла во тивок очај или некорисен гнев ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За жал, се чини дека Шарон тоа и го сторил. Помошта се чини не изостанала!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Според гласините од другата страна Бог и него не го поштедил и Шарон ќе падне во длабока кома од која нема никогаш да се пробуди!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зашто жена му Андрица која немаше деца со Андро, постојано ме молеше да проба со мене да види дали може да зачне...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ние сме ти како во некоја трета земја која не постои, која нема свое знаме...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Науката и новата рационалност се подразбрани како нештата што ќе го уништат страдањето и што ќе донесат повеќе среќа и удобност дури и за оние кои инаку не би можеле да ги уживаат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова христијанска интуиција на сличен начин се појавува и во солидното потекло на идеалот за политичка еднаквост и политичка слобода, т.е. држава во која нема да има привилегирани и непривилегирани, занемарени и претпочитани.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Деконструирањето на хиерархиските дихотомии, каде што еден термин е традиционално претпочитан во однос на другиот,12 може да нѐ потсети на една од погоре споменатите народни приказни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На трпезариската маса на која немаше ништо оставив ливче со лого од конференцијата на кое пишуваше „извинете“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Полека ги затвора очите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби тој исто така би ги ослободил литературните зналци од конструирања на именувања со цел да се слуша и мисли, не во смисла само на еден или друг јазик туку во онаа сива зона која сѐ уште нема граници, која е одвај видлива, која нема име и не е. превод: Жарко Трајаноски извор: Translation Studies 80 Margina #10 [1995] | okno.mk ЛОКАЛНА okno.mk | Margina #10 [1995] СЦЕНА 81 Повторно, истата состојба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Игра на трагата што веќе не му припаѓа на хоризонтот на Битието, но игра што го пренесува и опфаќа значењето на Битието: игра на трагата, или diffѐrance, која нема никакво значење и која не е.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Заѕвонив и почекав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се искачив по скалите до вториот кат од куќата која немаше други катови над него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)