Беше на извесен начин притаено задоволна, смирена, што најпосле ќе може некому од своите чеда да му ја препушти грижата за библиотеката во домот, каде што веруваше дека во книгите беше задржана татковата душа со која често можеше гласно и да зборува читајќи ги страниците врз кои беше посипана пепелта од цигарите при некогашните таткови занесни читања кога беше најжив, сеприсутен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако е успешна, односно страните се спогодиле, посредникот во рок од 3 дена од денот на завршувањето на постапката за посредување изготвува спогодба која содржи препораки за вршителот на вознемирувањето на работно место и за работодавачот, за престанокот на вознемирувањето и за начинот на отстранување на можностите вознемирувањето на работното место и понатаму да продолжи.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
КЕТ (KHAT) Форма: грмушка која содржи природен амфетамин, обично се продава како куп гранки завиткани во листови, за да се задржи влажноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Царуваше во библиотеката тишината од татковите книги, тишина која содржеше повеќе вистини.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)