Или сметаш дека можеш да ме увериш оти обидот да разговараш со Јана, како и другите твои слични однесувања треба да ги сфатам како игра, или малечка шега од која си сакал да извлечеш и корист?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кадровикот, значи, предложи Баге да ѝ биде доделен на забавно - хумористичната редакција, која си имаше своја програма и свој термин во шемата на таа програма, но немаше постојан уредник туку редакцијата ја водеше моментно суспендираниот уредник од друга редакција, и така наизменично како што имаше постојано по некој уредник под суспензија, и така постојано додека имаше на располагање наизменично суспендирани уредници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ти која си, жено, што можеш да стоиш сред врели плачови студена тука?
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)