Јас не сум како другите јас сум река понорница која лесно наоѓа пат до твојата душа...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Имаше времиња кога изнесената сторија можеше да биде привлечна за хроничното антиалбанство, за некаков реваншизам со паднатиот сталинистички енверизам, и што уште не, но прикаската беше лична, длабока рана, болка која лесно не исцелуваше и којзнае дали некогаш ќе исцелеше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Додека госпоѓа Мариела ѝ ја раскажуваше приказната за младата актерка во филмот “Ден повеќе”, Ема со левата рака ѝ ја стегаше десната на својата пријателка која лесно беше положена во нејзиниот скут, а својата десна рака во благо движење и ја спушташе на нејзиното лево рамо, гледајќи ја цело време в очи со пријателски чувства кои во мигот се вплотија во она што следуваше потоа: забите на Ема ѝ блеснаа и тој блесок имаше исто значење со она што се слушна од нејзината уста: “Ти си срце”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)