Го фаќа паника, брцнува во другиот џеб, вади нов флиспапир од него, панично го лепи врз претходниот лик и гледа: од огледалото го гледа насмеаната фаца на Левантинец.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Магијата која нема тело и душа, а убива илјадници тела и души.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Таа беше една од поретките икони на која немаше напишано ништо: Пепел, меч на светец во црвена кошула и жолта птица која слетува врз пепелта.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Па затоа збеснуваат кога дождот ќе прекине Некој меч на тенискиот турнир во Вимблдон Има да го види Господ тој Господ кој би пуштил дожд Кога вимблдонскиот турнир би се играл во нивните локални царства Божемипрости дури прднат диктаторчињата Лично Господ ќе мора да го пренасочи дождот Што им го прекинува ќеифот а големите љубители на тенисот Распашани на самите врвови среде малите нации Меѓу два сона како меѓу два тениски сета Јас понекогаш и ќе зјапнам онака отсустно во небото И бргу-бргу сама строго ќе се прекорам За тоа ли отворав очи за да зјапам во кукубарите А нема кукубара којашто нема да ти украде ќебапче Од распламтената скара во дворот Како што нема чавка која нема да ти се посере на ќелавицата И уште да те мавтосува дека тоа ќе ти донело среќа Мижи Асан да ти бајам велат за тоа новодојденците од Македонија А јас самата си велам мижи си колку што можеш повеќе
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Се фаќа по предниот дел на главата, онаму каде што обично стоеше некоговото полно лице и прстите му лизгаат по мазна кожа на која нема набор, нема нос нема усни, нема очи... Макс Мертен нема лик.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)