Паничеше пред неизвесноста на здравјето и болеста, а мене упорно ме притискаше главата од тежината на мојата професија која никогаш не успеав да ја утврдам сосема, но која, во тој миг, беше некако необично налик на лекарска...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
И токму кога помисливме дека пламенот ќе се вивне до небесата... - а солзата која последна капна го изгаси и последното недогорено жарче, остана само пепелта која никогаш повеќе не се распали.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Маркос се уште во својата офицерска чанта, од која никогаш не се разделува, покрај многу други работи, го чува и исечокот од весникот „Манчестер Гардијан”.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
7.5 Остана вжарен белег од тој здив Расцветана рана на кожата однатре Како последен поздрав од Мајка Која никогаш веќе не ја видов.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Тие две дамнешни патувања, првото во Грција, во Јанина и во Солун, а второто, во Италија, со Татко, се обидуваше да ги задржи како мигови на вечноста во себе, сосе реликвиите кои не престануваше да ги носи со себе, какви што беа нејзиното сребрено огледало, наследено од мајка ѝ која никогаш не ја видела, каталогот на стоковната куќа Ла Ринашенте и, сега, овие три заборавени знамиња на некогашните држави во војна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)