Телето само тупка со копитата, врти со опавчето, ко ѓаволско врапче мрда со опавчето и ја шиба кравата во вимето. А вимето празно, не се полни без пасење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но тоа може да се раскаже во нова книга, за новите жртвувања на Балканот, но и за лудите крави во Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Елените и срните за нас во тоа време беа нешто како кравите во Индија.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Овците почнуваа да ги молзат дури на пролет, а кравите во ова време, обично пред телење, немаа млеко, па сувиот леб обично се јадеше потпечен или издробен, па со малку масло, малку сирење низ него, се пржеше на огнот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со голема почит
Луан Старова
XIX
И кога очекував Елен Лејбовиц да продолжи со пишувањето за големите теми од Балканот и Европа, како што тоа беше во нејзиното претходно писмо, кога се задржа на темата на жртвувањето на козите на Балканот и на лудите крави во Европа, кое како синдром го следи човештвото уште од неговите мугри, таа го сврте вниманието на сосем неочекуваното испраќање 50 книги од расказите на Алфонс Доде, меѓу кои беше и новелата Козичката на господинот Сеген, со кој авторот постигна светска слава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Зарем не е чудесна вашата споредба за жртвуваните кози на Балканот во времето на тоталитаризмот со денешното жртвување на кравите во Европа, во која демократијата го совлада советскиот тоталитаризам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)