крадец (имн.) - и (сврз.)

Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Претпоставениот крадец и украденото нешто се идентифицирале во потсвеста на Duchamp, на истиот начин на кој Мона Лиза беше идентификувана со Duchamp, а потоа и со Аполинер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Рече дека има план ливчињата да се сохранат на тајно место, место толку тајно што да биде сосем видливо, оти луѓето подобни за лоши дела, крадците и убијците, знаат дека законот секогаш ги бара украдените работи далеку од окото и од местото каде се украдени; затоа, најдобро е тие да се скријат на највидно место, оти таму никој не го бара пленот на крадците!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Аполинер 1911 неправедно беше обвинет дека на некој начин е вмешан во кражбата на Мона Лиза од Лувр.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Дошол тој крадец и ме одвел со себе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гринавеј е писател- сценарист на сите свои дела. Долгометражните филмови: „Договорот на Цртачот“ (1982), „ЗОО“ (1985), „Стомакот на еден архитект“ (1987), „Давењето по броеви“ (1988), „Готвачот, крадецот и неговата љубовница“ (1990), „Книгите на Просперо“ 1992), „Бебето на Макон“ (1994), направени се со една доследна прецизност, со зачудувачка организација, бизарности и хумор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)