Тој е од онаа група луѓе што ги има во нашите краишта и во оние преку границата, а кои ја задржале православната вера, но јазикот го изгубиле, за разлика од онаа друга група, чии припадници пак преминале во ислам, а го задржале својот јазик.
               
             
           
            
            
              „Бунар“
               од Димитар Башевски 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Милан го осудуваше Јована за предавство, овој Милана за кукавичлак што избега во Бугарија и го остави него на цедило, и на крајот на краиштата и Милан виде дека Јован си имал право донекаде што се предал, бидејќи друга глава немало во торбата.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Вртевме, вртевме над северните краишта и запиравме на она место каде што Васе ќе прочиташе замуцнато:  - Лап ... Лап ... - толку е ... - ја оставаше книгата Васе.
               
             
           
            
            
              „Дружината Братско стебло“
               од Јован  Стрезовски 
              (1967)