Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
МИРА: Кратенка за „хај фиделити”. БОРИС: Аха. (Пауза) Што беше „хај фиделити”? МИРА: Висока верност. БОРИС: Висока верност на што? МИРА: На звукот. Репродукцијата е верна на она што е снимено.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Секако, зборот изненадување е само кратенка за нашето чувство кога ќе откриеме дека нашите слики за реалноста отстапуваат од самата реалност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)