Мразот копве, иде нова смена, пролет иде, нараснало жито, Вардар ќе набуја в пена, крај мој роден оживува питом...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
В таква пролет, златокласа младост, моја земјо, да те градам, љубам, и сѐ така и со таква младост, крај мој, роден, ти ќе бидеш убав!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Учителот весел во мисли ми стои и овчички мили, и пиленца слатки и сонцето златесто посилно што сјае таму во крајот, крајот мој мил.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Го прегрнав на крајот мојот пријател Махмуд Дарвиш по чудесната ноќ во која илуминираа неговите зборови-ѕвезди на човекот-вистина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тогаш обраќањето во храмот го завршив со зборовите: Народот на оваа земја, на Македонија, во храмот Света Софија, му го дари најсветото што може да му биде подарено на еден поет - неговата тивка светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан на големиот Махмуд Дарвиш во враќањето од егзил во силната прегратка на човештвото...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)