Го стегна срцето, ги затвори очите, ја тргна силно уздата, до крв ги заби мамузите во ребрата на коњот и, не гледајќи, извика, како да му се откорна од дното на душата: - На Македонија!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во тргањата гледал молскање на соголена женска нога до полната пребела месечина на валчестиот колк.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Со крв ги прскаат плочите, крстовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Капки крв ги прскаат оние кои седат од страна.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Трагите и локвите крв ги покри снегот и бури од дождови ги испраа и ги однесоа во неврат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
До крв ги гризел усните, се јадел слушајќи го со сите сетила бревтавото, врело, искинато повторување, тој: - Не простувај ми, апи, кини... таа: - Немој, немој, немој ... потоа: - Проклет, проклет, проклет ... и потоа: - Ти апи, ти кини, ти, ти, ти ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)