Мојата огорченост кон некои бирократи што ме разголија како црн берзијанец пред неколку години, сега спласна како што спласна и увереноста дека сум херој за неколку капки црна крв што ја исцицаа Германците од мене.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И затоа, не облекувај туѓи чевли или ќе ти ги стуткаат прстите на нозете и плускавци ќе ти се наредат по петиците, па кога ќе ти пукаат, сите ќе ја видат крвта што ти капе од меурите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сѐ уште го гледам: претепан, со крв што од носот му се слеваше во устата, со нога што ја влечеше, зад себе, оти Фисот го беше претепал како никој, Бога го беше отепал во него, заради есејот со кој Лудвик стана херој кога се смени власта; но тој, како што ви е познато, не наседна на тие „партиски финти“, како што ги нарекуваше, и иако му нудеа место во новата власт, тој не се огласи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По овие страни, по пределот бујат, во црвени крвје што пребликнал сега, за храбрите еднаш песни ќе се чујат и како во синџир оро ќе се стега.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Дали од своите зборови се онесвести или од крвта што му ги поплавила панталоните.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Скрез офна така силно, што Цанул се исплаши, ја фрли вилата и избега; Цанулица замалена од страв, стрчна кон Скрез, му ја извади забуцаната вила и му ја изврза раната со шамија за да му ја запре крвта што бликаше на сите страни; го одврза коњот, му помогна да се качи и тргнаа в град на болница.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се обидов да ја совладам слабоста што ме враќаше кон мојата смрт.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му ја кревам главата, му ја бришам устата од крвта што му се потсирила и го бацувам в лице, в уста, му ја давам душата моја.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)