Во спалната во која нѐ внесе доктор Гете, на десетина кревети лежеа жени – некои неподвижни, други се превртуваа во креветите и мумлаа, една од жените беше со врзани раце и нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Видикот го стаписа. На креветот лежеше маж во полна снага.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го потргнува превезот што го дели широкиот кревет на две половини и гледа во креветот лежи Хера облечена во блескава ношница и со круна на главата како кралица.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На крајот од спалната, во аголот, на еден кревет, лежеше Клара во бела ноќница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Иако доктор Гете претходно ги замолил да не ѝ кажуваат дека ја водат дома, им рекол да ѝ кажат дека ја носат на некаква прошетка, браќата ѝ рекле дека ја враќаат дома, засекогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа влегле во големата просторија во која во два реда кревети лежеа педесетина жени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
До мојот кревет лежеше нешто сосем завиткано во преврски.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)