Книжевната критика го сметаше за сликар, а ликовната за книжевник.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Со Мане и Дега, според Гаетан Пикон (Gaetan Picon), се раѓа модерното сликарство, коешто го откри „почетокот на еден свет, за којшто би било погрешно да се мисли дека е комплетен”, а критиката го опиша „самото место на оваа слика, нејзиниот континент: ефемерното”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Триумфалното насилство еден дел од британската критика го виде како алузија на ројалистичката сила. (...) Потпирајќи се врз наследството на јакобитската драма, на Жари и Арто во слоевите што извираат од движењата на крупниот злосторник, Гринавеј хуморно го допрел и оперскиот мизансцен.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)