Тогаш, како порано татко му, се изми под чешмата во дворот гол до појас, ја прожабурка устата од згорчента скрама на сношното пиво, си ја истри снагата со рапава крпа додека не му се вцрви кожата и сркна едно лажиче зашеќерено слатко со чапче источена вода.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)