Преку таа ограда од талпи со крстови беа поставени во еден ред иконите што беа пренесени од старата црква, а над нив беше направен дрвен лик во кој зографот што требаше да дојде ќе направи икона во облик на леб пресечен на половина.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Сочинителот сега, со помош на светиот крст беше заробен во делото свое, а не мушичката чтение што чини!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Краците на кукастиот крст беа искривени во нејзините сребрени очила.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Се тресев и секој миг заспивав, станував куп мртви дамари без сетила.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак со секој здив минував во соништата секогаш през исто село со мртви покриви и со гробишта зад недарежливи лозја: крстовите беа без сенки и не никнуваа од земја, висеа: ги ослободуваа мртвите од преголема тежина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)

„Ајде,“ рече брат ми, и јас тргнав по него, навалена на неговата рака, поткривнувајќи, вртејќи се наназад кон мајката и синот, кон нивната разделба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гледавме долго де во едната, де во другата слика, а потоа јас реков дека сите теолози и философи кои ги имав читано, а кои пишувале на таа тема, се сложуваат дека со појавата на христијанството, и идеите за спасот и воскресението, трагичното исчезнува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)