Попот разгледа наоколу, испеа што испеа и кога мислеше дека е време, го фрли крстот в река.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Не беше далеку од мостот на реката каде што попот требаше да го фрли крстот в река ама ме опфати страв дека не ќе можам да издржам.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Не излезе на главната врата од каде што влезе со крстот во олтарот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Некаде во зорите Ене ја, рече помладата калуѓерка, Лежи потпрена на крстон во водана Како Богородица.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ѕидниот часовник – предел во кој се гледа пастувот од песните со рогови кога го корне крстот во полето; лилјак кога прелетува некаде од кај амбарите; старец што му шепти во сонот на полноќното сонце; ноќта во која полка исчезнуваат буквите чиј глас од ѕид до ѕид, бие во крвта, скита низ иднината и застанува само ден-два по твоето заминување.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ѕидниот часовник – предел во кој се гледа пастувот од песните со рогови кога го корне крстот во полето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Само еден меѓу крстовите во гробиштата немаше име На него беше развило гранче со неколку листенца И под него си спие овчарот Некогаш, во една далечна квечерина, на своите раце како на постела Што нѝ го донесе првото јагненце што ни се родило.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Го зедов крстот во рака и одеднаш ми падна на земја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Нему главна работа му беше откуп на боровинки, ама тој ти бил поврзан со некого во Црвениот крст во Битола и така тој го почна бизнисот со стрептомицинот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Некој Брзакот, курир во Црвениот крст во Битола, од уште непознати причини, влегол со стара ловечка пушка во канцеларијата на претседателот Граматниковски и го убил.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Помина време, и Божиќ помина, и паричето во погачата, и амкањето јајце, и фрлањето на крстот во Вардар, па дојде и Велигден, а Костадинка, Коца, бидејќи беше на прагот да излезе, се понадева ибн Бајко дека нешто стравот како ќе биде тоа излегување пред порти, а нешто и радоста, ќе го сменат табиетот на Тодора.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ме назначи секретарката на Црвениот крст во Алма Ата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ПАНАЈОТИС: Основата, господа, е во форма на впишан крст во правоаголно пространство. Кон запад, нартекс со крстосни сводови и слепа купола; во централниот дел на сводот. Исток, олтарна апсида со тули. Север и југ параклиси.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Што можел да стори Онисифор Проказник - да побара од непознатите осуммина да се тргнат од патот за да помине дружината со двоколките или да заповеда веднаш да се пука?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уметноста секогаш е во позадина, еволуција зад сцената.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кога започнавме да ставаме крстови во нашите дела, луѓето беа стаписани.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
21 „Важно известување“ - го започна состанокот Томе „со подмлаткарите на Црвениот крст во текот се подготовките за акцијата против пушењето и алкохолизмот, и против дрогата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
3.
Човекот: „крст во кругот“
Крст го двои небото
на источно и западно
високо и ниско
кругот се затвора:
- Deus homo est.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Отпрвин него едноставно го викаа Григориј и беше закрепостен човек кај некојси господар; Петрович почнале да го викаат откако бил ослободен и кога почнал прилично да си потпивнува на секакви празници, отпрвин на големите, а потоа и без да гледа на тоа, на секој црковен, секаде каде што стоело крвче во календарот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во Црвениот крст во Белград ги прелистуваше списоците на сите загинати, но него го немаше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)