Сите човечки извици на страв и на гнев, онаа животинска гласност пред која и побеснет ѕвер ќе ја свие опашката, се слеале во продолжен крик што го преплавувал боиштето со сила на бескрајна и густа вода под која ќе останат загатливости на човечкото ништење, како и секогаш кога тој човек се борел и колел и бил уништуван заради поголемо парче земја за да гние потоа на најмал простор под крст или под исправен камен со изрезбана чалма на врвот, под чалмата со железо ископана мудрост на Коранот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа што имаат крстови или други знаци, а на тие крстови или други знаци е напишано името и родот и семето на оној што почива, а на други места брз нив се издигнати цели палати, а во нив лозата на родот...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Оној под него и ранет ја издржал тежината. Ја копал земјата со нокти во пребавното подавање кон една од пушките и се влечел по црвеникавата земја чеперок по чеперок со мачење на гасеница во чија жолта крв се шири отров од осина боцка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Човекот Божји ист со крстот ис сос крстот = Исус Христос е дел од Светото Тројанство: Синот Отецот и Светиот Дух, нашата православна христијанска вера. (И денес на некои дијалекти се вели: ис сос крстот или ис сос крстот!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)